Tи никогаш нема да сфатиш: местото на моите прсти е меѓу твоите
криен измеѓу старите работи под креветот,
се прозеваш навечер
велејќи ми :сонот е за слабите.
Но, не како минатиот јули
кога со дланките ја бранев среќата
да не излезе од градите,
и патот на твоите прсти по мојата кожа
го нарекував патот на Kолумбо.
Гребеш по моите мисли
со четка ги боиш
спомените розови,
ги бакнуваш моите колена,
а штом испуштам краток звук, насмевка,
пак ми шепотиш:ова [...]